Self-employment Project

Tuesday, May 16, 2006

Елементи на SEO

Како што наведовме и во воведот, немаме намера детално да навлегуваме во техниката на SEO но со цел да ја прикажеме суштината и едноставноста на трансферот на овој маркетиншки know-how ќе ги објасниме основните елементи и фазите на имплементација и примена.Од ова не треба да се извлече заклучок дека SEO e премногу едноставна и лесна формула за остварување на профит. Поради непостоечките бариери за влез едноставно е да се започне, но за да вистински се успее потребни се почетна обука, посветеност, постојано следење на промените како и напорна и континурана работа. Секако дека не смее да се заборави и креирањето на квалитетни WEB страници преку кои што ќе име се понудат вистински вредности на посетителите.
3.1. Клучни зборови
Клучните зборови се клучниот елемент на оптимизацијата на пребарување. Клучните зборови (или фрази) се појдовна основа за извршување на оптимизацијата и од нив зависат, и на нив ќе се прилагодуваат сите други елементи на оптимизирање.Посетителите на пребарувачите токму врз основа на клучните зборови кои што ќе ги внесат ќе добијат соодветни резултати и на тој начин ќе пристапат на оптимизираните страници.Врз основа на нашите претпоставки можеме да нагаѓаме што всушност бараат корисниците на Интернет, меѓуто на Интернет постојат платни и бесплатни алатки кои што ни овозможуваат да пристапиме до вистинските клучни зборови и фреквенцијата на нивно појавување.Така на пример само зборот news во јануари 2006 на пребарувачот Yahoo се пребарувал 955.353 пати . Освен зборот news, алатката ни исфрла и фрази кои што го содржат истиот збор. Така добиваме цел спектар на клучни фрази врз основа на кои што можеме да ја вршиме оптимизацијата. (Види Табела 1)
Searches done in January 2006Count Search Term955353 news618936 fox news
294718 bbc news
104315 philippine news
102286 dallas morning news
91076 world news
57260 top news story
55724 wrestling news
53259 buffalo news
47492 sporting news
42133 search abc news and the web
38491 sky news
37501 boxing news
37488 100 blog book movie news top
37328 dayton daily news
37239 entertainment news
34146 iran news
34116 weird news
33256 hip hop news

Табела бр.1 (Извор: http://inventory.overtrue.com/)
При изборот на клучни зборови битен фактор, освен бројот на појавувања е и бројот на конкурентите за истите зборови/фрази како и квалитетот на нивната оптимизацја. За оние кои што се почетници во SEO се препорачуваат фрази за кои што има малку конкуренција иако тие фрази се со релативно мал број на појавувања.Од тој аспект постојат и алатки кои што освен бројот на појавувања на зборовите ни даваат и коефициенти на атрактивност на истите споредувајќи го бројот на појавувања со бројот на конкурентите. Таква алатка на пример е Word Tracker (http://www.wordtracker.com/).Бесплатните алатки за клучни зборови и покрај одредени ограничувања се од огромно значење за почетниците во SEO. Платените верзии на алатките нудат многу пософистицирани иинформации и затоа се препорачува нивна употреба со цел да се доведе бизнисот во подоцнжните развојни фази.
3.2. Јазик на оптимизација
Тесно поврзао со клучните зборови е и јазикот на оптимизација. Имено клучните зборови се испишуваат на одредн јазик. Според тоа логично е и содржината на WEB страницата да биде на соодветниот јазик. Оптимизација може да се врши и на македонски јазик но сметаме дека бројот на Интенет корисници во Македнија е премал за да биде исплатливо оптимизирањето. Сепак и оптимизацијата на македонски јазик може да биде корисна за некои бизниси од локален карактер. Исто така со либерализацијата на телекомуникацискиот пазар се очекува и пораст на корисниците со што SEO би било и вложување во иднината.На следната табела (Табела бр.2) се прикажани десетте земјите со најголем број на корисници на интернет што недвосмислено покажува кои јазици на оптимизација имаат најголем потенцијален пазар.
Бр. Земја Број на Интернет Корисници1 САД 202,808,3072 Кина 103,000,0003 Јапонија 78,050,0004 Германија 47,127,7255 Индија 39,200,0006 В.Британија 35,807,9297 Јужна Кореја 31,600,0008 Италија 28,610,0009 Франција 25,614,89910 Бразил 22,320,000
Табела бр.2 (Извор: Internet World Statistics)

3.3. Структура на WEB страната
Секоја WEB страна (WEB site) може да биде составена од една или повеќе WEB страници (WEB pages). Секојa WEB страна има една почетна страница (index.html, index.asp или index.php). Останатите страници кои се дел од таа страна се поврзуваат со почетната и меѓусебно со внатрешни линкови и заедно ја формираат структурата на WEB страната.Структурата на страната има две димензии, ширина и длабочина. Под ширина на WEB страната го подразбираме бројот на страници кои што се линкувани од почетната страница, додека под длабочина го подразбираме бројот на кликови (страници) кои што треба да ги поминеме за да стигнеме од почетната до најоддалечената страница.За поуспешна SEO се препорачува широка и плитка структура бидејќи во спротивно постои можност пребарувачите да не ја индексираат целосно структурата изоставајќи ги подлабоките нивоа. Во однос на ширината, структурата може да оди и до 100 WEB страници a додека се препорачува длабочина не поголема од три нивоа. На почетната WEB страница, од страна на пребарувачите, и се придава поголема тежина при пребарувањето и затоа се препорачува таа да се оптимизира за најзначајниот клучен збор (фраза) а воедно во неа да се содржани и кучните зборови на што е можно повеќе внатрешни страници. Од извонредно значење е, за секоја одбрана фраза на оптимизација да се креира посебна страница. Од тие причини потребно е да се изврши максимално можно прилагодување на структурата на WEB сајтот према избраните клучни зборови но притоа да не се изгуби логичката структура и да не се оптерети естетиката и навигацијата на страната.Кога се креираат посебните страници по клучни фрази корисно е тие да се именуваат така што во називот ќе бидат вклучени клучните зборови. На пример : dallas-morning-news.html.
3.4. Содржина на WEB страниците
Содржината на страниците е еден од главните факори врз основа на кои пребарувачите ја одредуваат релевантноста во однос на пребаруваните зборови и фрази. Без разлика каква тематика обработува страната, потребно е во текстот што почесто да се појавуваат клучните зборови но притоа треба да се внимава да не се претера. Претераното појавување на клучните зборови се нарекува (word spamming) и истото треба да се одбегнува од две причини. Прво, со тоа може да се навредат и одбијат посетителите, и што е пострашно, може да се „заработат“ пенали од стрна на пребарувачите што во крајна линија може да доведе до комплетно банирање (забрана) на целиот сајт.Насловот на страницата кој што се појавува на врвот од прозорецот од Интернет експлорер исто така игра голема улога при оптимизавијата. Тој се внесува во кодот на страницата во следната форма:Значи, во насловот на страницата се внесуваат клучните зборови а може да се додаде и кратко дополнително објаснување како во примерот.Во програмскиот код на сртаницата се внесуаат и други елементи кои што се поврзани со оптимизацијата но поради нивното помало значење намерно ќе ги изоставиме.Внатрешните линкови кои што се дел од содржината на страницата исто така имаат големо значење за успешна оптимизација. Имено пребарувачите врз основа на ови елинкови ја утврдуваат важноста на клчните зборови кои што се употребувани низ целата WEB страна.
3.5. Page Rank и екстерни линкови
Page Rank или Ранг на Страницата може да се движи од 0 до 10 и е во директна врска со квалитетот и бројот на линковите кои што доаѓаат од други WEB страни. WEB страните со повисок ранг подобро котираат кај пребарувачите.Под квалитет на екстерен линк подразбираме; ранг на страницата од каде што доаѓа, текстот на линкот, текстот што го опкружува линкот и сродноста на содржината на WEB страните. Сите овие фактори придонесуваат за зголемување на релевантноста на оптимизираната страница.Управувањето со Рангот на WEB страните е навистина тешка и комплексна задача. Како прво многу тешко се обезбедуваат линкови од страни со висок ранг но и доколку се успее во тоа не може да се контролира формата и квалитетот на тој линк. Тоа е од проста причина што сопствениците на тие WEB страни имаат свои интереси и сопствена политика.Исто така мора да се биде особено внимателен при изборот на партнери за линкување бидејќи „лошо окружување“ може да предизвика повеќе штета отколку корист.Имајќи ја предвид важноста на Page Рангот специјалистите за SEO препорачувaат екстерните линкови да се градат постепено и со однапред изградена стратегија бидејќи така на долг рок ќе се остварат посакуваните резултати без да се предизвикаат несакани последици.* * *Покрај наведените, постојат и други фактори кои што се значајни за SEO и се вреднувани од алгоритмите на пребарувачите. Повеќе на таа тема може да се прочита на http://www.seomoz.org/articles/search-ranking-factors.php.

Labels: ,

1 Comments:

  • [color=#6699cc]
    Как дела? Может-быть... есть cупер предложение по[url=http://www.pi7.ru] видео[/url] порталу Думаю вам понравится

    [url=http://www.pi7.ru/]Скачать / Смотреть Шерлок Холмс[/url]
    aнекдот для разнообразия :)

    Купил мужик себе в курятник нового петуха. Тот вообще какой-то озабоченный был, по десятку кур в день ебал. Да и не только кур, а вообще всю птицу, которую увидит. И вот однажды заходит мужик в курятник, а там петух валяется дохлый в луже грязи, а вокруг вороны собрались. Мужик и говорит петуху:
    - Что ж ты так, Петя, себя не поберёг?
    Тот приоткрывает один глаз и шипит:
    - Сука, спугнёшь ворон, тебя выебу.

    Я 8 часов блуждала по сети, пока не вышела на ваш форум! Думаю, я здесь останусь надолго!
    прошу прщоения за опечатви.... очень мааленьеая клавиатура у PCA!

    [/color]

    By Anonymous Anonymous, at 11:53 PM  

Post a Comment

<< Home